Жителите на Истанбул денеска одново гласаа за избор на градоначалник откако изненадувачката победа на кандидатот на опозицијата на локалните во март – беше поништена.
Да потсетиме, Екрем Имамоглу победи со 13.000 гласови пред кандидатот од партијата на претседателот Едроган, по што турската владејачка партија АК побара поништување на изборите.
Кога му беше одземена неговата победа на изборите во март, Имамоглу им порача на приврзаниците дека „ќе ги вратиме нашите права со насмевка на лице”.
Но, анкетите овој пат му даваат предост на неговиот противник Билали Јилдирим.
Денешното гласање се смета за „референдум“ за претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговата АК партија.
Како поранешен градоначалник на Истанбул – кој е економски и културен центар на Турција во кој живеат 15 милиони луѓе – Ердоган честопати истакнуваше дека тој кој ќе победи во Истанбул ќе владее со Турција”.
Резултатите од денешното гласање се вечерва.
Имагоглу (49) е од секуларната Републиканска народна партија и е градоначалник на истанбулската област Бејликдузу.
Неговиот противник, Билал Јилдирим, беше основач на АКП на Ердоган и беше премиер од 2016 до 2018 година, кога Турција стана претседателска демократија и беше укината функцијата премиер.
Тој беше избран за претседател на новиот парламент во февруари, а претходно служеше како министер за транспорт и врски.
Инаку, на локалните во март, партијата на Ердоган беше победник но ги изгуби Анкара и Измир.





