Људмила Плашчинскаја ќе го памети престојот во Црна Гора по фрапантната сума пари што морала да ја издвои за преглед и преврска на нејзиниот повреден прст – неверојатни 495 евра!
Фејсбук-страницата „Подгорички времеплов“ ја објави фискалната сметка од приватната здравствена установа „Марин Мед Монтенегро“ во Котор, од која се гледа дека обработката на раната чинела 160 евра, специјалистичкиот преглед 60, а локалната анестезија 80. Кога на тоа ќе се додадат рендгенската снимка на коската, административните такси и данокот, се доаѓа до вкупната сума од 495 евра.
И тоа не е сè – туристката наводно потрошила уште 80 евра за такси!





