Курто Дудуш не тепал сам, со градоначалникот од СДСМ имало уште најмалку тројца луѓе

Градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш кој е дел од истрагата на МВР за можно киднапирање и физичко насилство кон лицето Сеад Јашар не бил сам во инцидентот на можно насилство за кој излезе аудио снимка.



Според целата аудио снимка која трае над 18 минути а која вчера интегрално ја објави lider.com.mk во инццидент како насилници или сведоци учествуаат уште најмалку тројца луѓе освен Дудуш и Јашар.

Доколку МВР сака брзо да го реши случајот во истрагата мора да бидат вклучени уше најмалку овие три лица за кои сеуште не се знае личниот идентитет.

Според првичната анализа на снимката еден од присутните најверојатно го спречувал градоначалникот Дудуш да го тепа Јашар и тој теоретски може да се спаси од висока казна но за еден од другите двајца постои сомнеж дека и самиот уествувал во тепањето на Јашар што потенцијално може да значи долга затворска казна.

Вчера во МВР на информативен разговор бил повикан жртвата Сеад Јашар но од МВР нема повеќе информации за истрагата во врска со случајот кој ја вознемири јавноста.