Илјадници луѓе учествуваа вчера на парадата на гордоста во главниот град на Романија, Букурешт, по неуспешниот референдум за забрана за истополови бракови.
Конзервативна Романија е една од ретките членки на Европската унија каде е за забранет брак или граѓанско партнерство за двојки од ист пол.
Романија ја декриминализираше хомосексуалноста во 2001 година, но дискриминацијата против лезбејките, хомосексуалците, бисексуалци, и транссексуалци (ЛГБТ заедница) е широко распространета.
Вчера речиси 10.000 луѓе маршираа по дожд по главна авенија (Викторија“ во централниот дел на Букурешт, танцувајќи и веејќи со знамиња на виножитото.
Организаторите велат дека маршот бил поголем од парадата на гордоста во 2018 година.




