„Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата, изјави премиерот Зоран Заев во петокот за кога првично беше најавено дека до Собранието ќе ги достави имињата на министрите кои ќе бидат дел од новата реконструирана Влада.



Тоа беше одложено бидејќи Макњедонија, како што објасни премиерот, беше домаќин на Конституенцата на повеќе од 15 министри за финансии, гувернери, тројца потпретседатели на Светската банка и двајца потпретседатели на Меѓународниот монетарен фонд.

По реконструкција на Владата, односно смена на 8 министри како што дознаваат медиуми, ќе следуваат и промени на директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.