Жртвата на Курто Дудуш попладнево повикана во МВР

Се засилува притисокот врз градоначалникот на Шуто Оризари од редовите на СДСМ.



Роднини на човекот кој што според аудио “бомбата” објавена вчера е психички и физички малтретиран од градоначалникот на Шуто Оризари тврдат дека тој попладнево е повикан во полиција.

Лицето Сенат Јашар кој според снимките на lider.com.mk е заклучен и тепан од страна на Дудуш бил повикан во МВР за да даде информации за инцидентот во кој се слушаат пцости, навреди, закани и звуци кои укажуваат на физичко насилство.

Предходно Дудуш потврди дека настанот се случил, дека гласот на снимката е негов и дека тој имал контакт со Јашар на денот на инцидентот.

МВР засега не објавува ништо за преземените чекори во врска со инцидентот и разговорот со Јашар.

Јавноста досега не е запозната дали во МВР е повикан и Курто Дудуш и дали во МВР официјално е отворен предмет за случајот.