Дудуш призна дека дека бил со тепаниот Сенад и дека снимката е автентична

Реакцијата на градоначалникот на Шуто Оризари од редовите на СДСМ Курто Дудуш всушност е негово признание дека снимката на која се слуша дека тој тепа граѓанин според порталот lider.com.mk е автентична и дека тој бил во иста просторија со жртвата.



Анализа на изјавата на Дудуш покажува на повеќе елементи врз основа на кои ќе работат МВР и Јавното обвинителство кои ќе мораат да го истражат случајот:

1. Дудуш признава дека гласот на снимката е негов

2. Тој добро го знае човекот кој бил тепан

3. Признава дека бил со Сенат на таа дата

4. Киднапираниот и тепаниот човек дури и да бил поранешен осуденик, тоа не му ги ускратува човековите права, правото на физички интегритет и правото да не биде лишен од слобода

Сите овие елементи се причина повеќе тој веднаш да биде приведен и да го објасни случајот пред институциите.

Во своја одбрана Дудуш си ускратил и свое право, односно сугерира дека ден ден кога можеби ќе биде поранешен осуденик, некој градоначалник ќе има право да го киднапира и да го тепа.

Реакцијата на Дудуш

Курто Дудуш не е уапсен, се закани дека ќе го гони новинарот што откри насилство