Курто вели дека не тепал – го местеле

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, најави пријава поради објавената аудио-снимка за која вели дека е монтирана и на која се слуша како Дудуш малтретира вработен во општината.



Дудуш за „Фокус“ изјави дека се работи за монтирана снимка и дека ќе тужи .

„По повод вчерашната аудио-снимка објавена од т.н новинар Љупчо Златев на која тврди дека се слуша мојот глас, сакам да му порачам, неговото новинарство и професионалност е познато веќе од одамна на пошироката јавност. Со континуирано вклучување во монтирани политички хајки против мене нема да стане поугледен новинар, туку само ќе заработи соодветна пријава за нарушување на углед и чест. Соработката со криминалци од калибарот на Сенат Јашар, поранешен осуденик за вооружен грабеж и осомничен за ред други случи на насилство и нарушување на јавен ред и мир, нема да му донесе новинарски поени бидејќи од такви лица може да добие само монтирани аудио снимки. Да имало вистина во снимката, ќе имало повредени, лекарско уверение, случај!“, вели Дудуш, за „Фокус“.