Одговарајќи на прашање на МИА, за тоа дали може да гарантира датум за преговори, откако одлуката за отворање на преговори со Македонија беше одложена до крајот на октомври, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека лидерите на ЕУ вчера разговарале за Северна Македонија.
„Ќе направам сѐ што можам за да се донесе таа позитивна одлука затоа што Северна Македонија направи примерна работа со Преспанскиот договор, одлична работа, и разговаравме за ова вчера.
Станува збор за неколку недели, навистина, но нашата заложба стои и што се однесува до мене ќе ја заложам сета своја политичка тежина за ова“, изјави Ангела Меркел.




