Ковачев: Нека признаат дека Гоце е Бугарин

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека Македонија нема право да ја менува историјата ниту идентитетот на бугарските преродбеници.



„Тие немаат право да ги менуваат ниту историјата ниту идентитетот на мноштвото на нашите преродбеници  Гоце Делчев, Дамјан Груев, браќата Миладинови, Григор Прличев, Рајко Жинзифов…

Бараме разбирање. Сакаме да ги охрабриме нивните историчари и политичари да видат недека не е толку страшно.

Секој многу добро знае дека самиот Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, а не како Македонец“, вели Ковачев.

Според него „сепак треба да се помине тој шок што го чекаме околу 30 години. Така е, бидејќи во времето на режимот на Тито се пропагирало колку се лоши Бугарите. Во негово време дури и имало закон  за заштита на македонската чест и ако се определиш за не-Македонец, односно  Бугарин, си ризикувал да влезеш во затвор’,  раскажуваше европратеникот во емисијата „Лице в лице“.