Група активисти на здужението „Здрава Котлина“ со жив ѕид и моторни возила и денеска, четврти ден по ред, во утринските часови го блокираа патот до рудникот Иловица-Штука и работите на терен на концесионерот „Еуромакс“.
Бил избегнат посериозен инцидент кога се појавиле 50 работници на компанијата и членови на нивните семејств, во обид да направат контраблокада..
„Денес добивме одговор од Еуромакс во форма на контраблокада од 50 диви копачи и нивните фамилии кои излегоа да не блокираат на излезот од Иловица до браната. Полицијата се распореди меѓу нас и ја контролираше ситуацијата. Во меѓувреме дојдоа градоначалниците на Ново Село и Босилово и кога ја видоа ситуацијата на терен каква е преземаа улога на медијатори. Струмичкиот градоначалник не дојде“, велат од „Здрава котлина“.





