Рок музичарот Арбен Бени Шаќири, на прашањето околу тоа кој е неговиот став, во врска со отвореното писмо од културните работници со кое се бара тој да не биде именуван за нов директор на МКЦ, со кус одговор за „Фокус“:
„Не, немам никаков коментар, со почит“, изјавил Шаќири.
Со писмото адресирано до премиерот Зоран Заев, се апелира да не се прават промени во владејачката структура на МКЦ во Скопје, откако Бени наводно, веќе ја прославувал новата функција, директор во МКЦ, и се укажува дека нема потребно искуство да раководи со институцијата.
Во интервју за Независен.мк во месец февруари годинава, Бени потврди дека аплицирал на конкурсот, пишува „Фокус“.





