Преспа се претвори во депонија од јаболка (ВИДЕО)

Останува фактот дека Владата  не успеа  да создаде услови за организиран откуп на производството на јаболка и не успеа масовно  да овозможи извоз ниту на пазарите каде претходно се извезуваше, како пазарите во Турција, Сирија,  Иран, ниту на пазарот во Русија, кој годинава беше проблематичен, пишува порталот „Пресинг.Тв“



Жалосни слики од фрлени илјадници тони скапани јаболка можат да се видат деновиве во Преспа. Според проценките од земјоделците, фрлени се над 30 илјади тони јаболка.

Тие се револтирани и велат дека ваква катастрофа не се памети во историјата на Македонија и на постоењето на јаболкопроизводството.