Finance think: Од поврат на ДДВ, ќар ќе имаат најбогатите

Според анализата на Институтот за економски истражувања Finance think најголем ќар од повратот на ДДВ ќе имаат најбогатите.



„Само најбогатите домаќинства кои годишно трошат 1,2 милиони денари, ќе можат да вратат една просечна плата со новонајавената мерка“ велат од Finance think.

Само 5 % од најбогатите домаќинства ќе бидат опфатени со плафонот на повратот од 28.500 денари.

Најсиромашните домаќинства, пак, на годишно ниво ќе можат да вратат во својот буџет само 738 денари, пишува „Фокус“.

На сметки над 30.00 денари и за стоки кои се сметаат за луксуз нема да има вражање на ДДВ.