Партијата „Атака“ поднела нацрт-анекс на договорот на Бугарија со Македонија, а целта според лидерот на партијата, Волен Сидеров, е да се зачува достоинството, сеќавањето и историјата на земјата и да не се дозволи да се шпекулира со нив.
Нацртот предвидува Народното собрание да ѝ наложи на владата да го подготви анексот и да го приклучи кон Договорот со Македонија.
„Со анексот ќе спречиме кражба на историјата. Тие не можат да одбијат бидејќи очекуваат наше одобрување за Европската унија“, вели Сидеров.
„Потребата за овој додаток (на Договорот –н.з.) е јасна за секого. Последниот пример со спорот околу Гоце Делчев, пред тоа заИлинденско-Преображенскотоо востание, имаше и други причини кои доведоа до тензии меѓу двете земји “, истакна лидерот на „Атака“.
Според него, најважно е историчарите и настаните да бидат признаени за заеднички од Меѓувладината комисија.
Потоа ќе се воведе забрана дека овие настани и личности може да ги користи една од страните без заедничка согласност.
Од Атака сметаат дека ова се личности и настани поврзани со Првата бугарска држава до династијата Крум, а потоа и за национално-ослободителна борба и за борбата за обединување на бугарскиот народ, пишуваат бугарски медиуми.





