Заев: Имаме блескав извештај, преговори со ЕУ во декември

Заклучокот на Советот на министри е апсолутна гаранција, октомври ќе биде октомври и нема да биде подоцна, ниту една земја не е против Северна Македонија, а преговорите со ЕУ ќе почнат во декември, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање поврзано со неофицијалните информации дека седум членки на Европската Унија биле против датум за преговори со Македонија и Албанија.



За тврдењето на поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, дека против преговори со Македонија биле Франција, Холандија, Германија, Данска, Луксембург, Белгија и Шпанија, премиерот со одговар:

„Јас немам такви информации. Советот на министри нема можност да донесе таква одука без сите земји да бидат согласни. Добивме безусловена препорака, имаме блескав извештај, а во декемри ќе почнат преговорите со ЕУ “,рече Заев.

Извор Слободен печат