Душан Илиевски „,лекарот“ од Битола, јавно го повика Александар Кирацовски да го тужи него за снимки кои намерава да ги пушти во јавност кои, наводно, ќе откријат, на кој начин Кирацовски си ја изградил „хациендата“ во Битола.



 Илиевски на Фејсбук пишува дека Кирацовски рекетирал бизнисмени за да му изградат куќа во центарот на градот, па го повикува, наместо медиуми, Кирацовски да го тужи него.

Поранешниот генерален секретар на СДСМ испровоциран од неколку медиуми на социјалните мрежи објави дека истите ќе ги тужи обвинувајќи ги за груба лага и клевета која, потенцира лесно се докажува, во или вон судска постапка и е беспредметна за дискусија, пренесе „Фактор“.

„Фамозната “хациенда” е семејна куќа изградена од 2013\ 2015 год. (а НЕ кога јас сум на општествена функција) на локација која е еден век во сопственост на мојата фамилија, од секој аспект основана и пријавена во Антикорупциска комисија“, пишува Кирацовски.