Се гони најголемиот критичар на власта меѓу судиите

Судијата и поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски кој важи за.најголем критичар на власта и нивните испостави во судството е цел на постапка во Судскиот совет.



Барањето за утврдување на одговорност на Панчевски ја поднел неименуван член на Судскиот совет, пишува Независен.

Според процедурата, Судскиот совет формира комисија на известители за утврдување на одговорност, која треба да прибере докази. Панчевски е вклучен и во предистрагата за АКМИСОТ која ја води скопското обвинителство, но за овој случај уште не е отворена истрага.

Според весникот освен за Панчевски, на седницата, Судскиот совет донесол одлука да биде разрешен еден судија, а за еден судија е запрена постапката.

Постапката за утврдување на одговорност на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски е во тек. Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев вели дека се презмаат конкретни дејствија и дека кога комисијата којашто работи на изработка на извештајот ќе оцени дека може да даде извештај, Судскиот совет ќе расправа за барањето за утврдување на одговорност на судијата.

Повеќе на следниот линк