Намалување има и кај двете најголеми заедници, за што типични примери се општината Липково, на север – каде намалувањето е за 40 отсто и општината Ново Село, на крајниот југоисток, каде падот на бројот на ученици уште подрастичен – повеќе од педесет отсто за 12 години.
Ништо подобра не е состојбата ни во општината Гостивар, во која намалувањето на бројот на ученици во 12-годишниот период што го анализираме е речиси 40 отсто, покажува репортажата на 360 степени.
Липково е големо село на западните падини на Скопска Црна Гора. Има 2.644 жители, според пописот од 2002 година. Најмалите се образуваат во локалното училиште „Дитурија“. Пред почетокот на часовите, последните денови од учебната година, дворот не е празен…





