Пратеникот и актуелен претседателот на Лебарал-дермократската партија, Горан Милевски влегува во извршната власт како иден министер за локална самоуправа.
Неговото пратеничко место во парламентот ќе го зазеде Александра Цветкоска од СДСМ, по што либералдемократите ќе останат со само двајца пратеници во парламентот
„Според партиски извори, либералдемократите вечерва ќе оддржат седница на Извршниот комитет на која се очекува да биде потврден коалицискиот договор и одлука партискиот лидер Милевски да се пресели од законодавниот дом во владата, најверојатно како министер за локална самоуправа на местото на Сухејл Фазлиу од НДП“, дознава Фокус.
Ова решение, веројатно е дел од најавената реконсттрукција на владата од која, според сознанијата на медиумите, од 26 ќе бидат сменети 8 министри.





