Шефот на македонската делегација денеска објави колумна во германскиот Франкфурет Алгемајне Цајтунг (ФАЦ) откако вчера тој и премиерот Зоран Заев имаа одвоени интервјуа во два високо тиражни германски весници:
Министерот Никола Димитров бара , бара приближување на земјата кон ЕУ.
„Европската комисија по десетти пат препорача отворање на преговорите за пристап со Северна Македонија. Тоа е признание на големиот напредок што го направивме. Тоа треба да се признае. Успешните приказни се ретки во Европа. Ние немаме луксуз да ги игнорираме“пишува Димитров како што пренесува „Дојче веле“.
Според министерот „ЕУ сега има одлична можност да ги зајакне својата потпора и својот кредибилитет. Позитивна одлука за почеток на преговорите за членство со Северна Македонија ќе испрати сигнал дека ЕУ наградува храбри, решителни и тешки чекори кон помирување и напредок. Во спротивно, ЕУ ќе испрати сигнал на слабост кон Балканот.
Дополнително,
отфрлањето од ЕУ ќе ја наруши веродостојноста на проевропските сили во Северна
Македонија и во целиот регион.
Националистичките, популистичките и авторитарните тенденции ќе зајакнат. Тоа би
било обесхрабрувачко и за оние кои се обидуваат да ги решат другите билатерални
конфликти во регионот“, пишува Димитров.





