Откако минатата недела претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев на своите профили на социјалните мрежи објавија слики како седат во економска класа во комерцијални авиокомпании, се опојавија најразлични коментари но и прашање дали нашите политичари воведуваат нова практика при патувањето во странство и дал е тоа дел од „рационализијата“ на патните трошоци.
Сепак, причината не била штедење туку многу поприаземна: Порталот СДК.МК допзнава дека владиниот авион „лирџет 60“ не е во земјава туку на редовен сервис во Нирнберг, Германија.
„Не станува збор за никаков дефект, туку редовен сервис. Официјалниот сервисер е во Нирнберг. Авионот треба да биде сервисиран и вратен во земјава другата недела“, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Пеце Мирчески.
„Лирџетот“ е купен во време на владата на Владимир Бучковски и е во сообраќај од јануари 2005 година. Има само 8 седишта и речиси секогаш дел од владините делегации мора да одат со редовни линии.
Во јануари оваа година, директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство ја најави можноста Владата да размислува за купување на нов авион за потребите на државата, кој ќе има повеќе седишта, пишува СакамДаКажам.





