Ексградоначалник од времето на Груевски платил 200 илјади евра рекет на екипата составена од газда и уредник на провладин медиум засилена со претставник на партија на власт.
Ова го тврди новинарот Бранко Героски во својот трет напис на тема уцени и изнуда на медиумско-партиска групација блиска на владата.
Героски во детали раскажува како тече рекетот во кој на своите жртви изнудувачите им се закануваат и ги убедуваат со бомби и инсајдерски информации од СЈО.
Во својот трет напис на темата Героски тврди дека групата околу ликовите наречени Коки,Мики и Кики е поврзана со “увоз извоз” на пари во една соседна земја но и дека е можно истражните органи веќе да се заинтересирале за случајот.
Героски најавува дека ова не е последна сторија на оваа тема.
Целиот текст на плусинфо.мк овде





