Од утре МВР ќе почне со издавање на регистарски таблички со ознаката NMK согласно новото име на државата.
Кодовите МК и МКД останаа за интернет сајтови, за кратенки на спортските репрезентации или за трговски брендови, но, на табличките ќе бидат заменети бидејќи најмногу туристи од државата одат на одмор во Грција, пишува „Телма“.

Налепници NMK ќе добијат не само туристичките автомобили и автобуси, туку и моторциклите, камионите, тракторите и мотокултиваторите кои никогаш не заминуваат од Македонија…
Таблички со новата ознака први ќе ги добијат автомобилите кои за првпат се регистрираат.
Сите останати, ќе треба да ги променат до февруари 2024-та.





