Баша му подготвува политички погреб на Рама на 30 јуни

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, преку Фејсбук порача дека 30 јуни ќе биде денот на политички погреб на премиерот Еди Рама.



„30 јуни ќе биде политички погреб на Еди Рама, другарот на кланот Авдулај и криминалните банди. Албанците се дигнаа во национална битка за Албанија, како и цела Европа. Сега е време за Албанија на сите Албанци! Ниту чекор назад“,напиша Баша.

Инаку на 30 јуни треба да се одржат локалните избори, кои опозицијата ги бојкотира, а албанскиот претседател Илир Мета ги одложи.

Поради ова, владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама, запчочна постапка за импичмент на шефот на државата.