За политологот Ненад Јовановиќ глупави се критиките кон изјавата на премиерот Заев кој на лош англиски јазик ја нарече ЕУ најсексипилната девојка на светот.
Тој признава дека Заев не е врвен интелектуалец но имал природен ум.
“Знаете што, многу ми се глупави критиките кон Заев за неговиот “бед инглиш”. Сега ќе кажам и зошто.
Прво, Зоран Заев не е врвен интелектуалец, има во себе природна памет, базична честитост и политичка разумност. Неверојатно се снаоѓа во зададениот простор и контекст. А тоа го докажа на безброј начини. Настрана што им ја сокри најголемата тема за правење на кариери – решавајќи го тридеценискиот спор.
Второ, имаше оваа земја врвни интелектуалци кои ја водеа во минатото, па се докажа дека се’ засраа. Ништо не решија, освен што ги намастија задниците за генерации и генерации”, смета колумнистот на Слободен Печат и поддржувач на политиките на СДСМ.
“Од друга страна, колку што јас ја познавам “човечката природа” (се што е човечко не ми е туѓо, велеше Ленин), кај Зоран Заев нема суета, има премногу пристојно однесување,
го уважува соговорникот и гледачот.
Зоран Заев за оној претходен ибрик што ја упропасти земјава е грофот од Тулуз”, вели Јовановиќ кому тоа му е сосема доволно за да има високо мислење за премиерот.





