Зеколи: Груевски не е заминат, привремено е отсутен !

Политичкиот аналитичар и екс-амбасадор,  Арсим Зеколи, на Твитер анализира како стојат работите по тврдењето на премиерот Зоран Заев за германски ФАЦ дека поранешниот премиер и пратеник Груевски избегал скриен во багажник, на што преку Фејсбук стигна одговорот од Будимпешта: „Во животот на памет не ми паднало да влегувам во багажник за било какви цели. Вистината ја знае и Заев“.



„2.300 лајка на постот на Никола Г. за 2 часа и тоа среде лето. Груевски не е заминат. Груевски е отсатен. Привремено“, пишува Зеколи и додава:

„ Ама затоа сега кога на Заев фраерите и кулерите ќе му стегнат на грујото едно 2-3 вица, 4-5 мангупски хаштага, 5-6 мемиња, ќе види он … Готов е!