Гренд Мастер Флеш“ стана првиот диџеј авоедно и првиот рапер кој ја освои наградата Polar Music Prize, често нарекуванa “Нобелова награда за музика”.
Тој е таткото,односно пронаоѓачот на рап музиката, која некогаш била начиин на изразување револт кон социјалните неправди а денес владее со светот на музиката. Рапот е единствен музички правец каде текстот е поважен од самата музика.
Признанието на Гренд Мастер испраќа една моќна порака а таа е дека раперите пишуваат историја и го менуваат општеството со брзината на адаптливоста на самата музика. Наградата ја основал Стиг Андерсон, попознат како менаџер на АББА, во 1989 година.
Претходни добитници на наградата се и Лед Цепелин, Би-Би Кинг, Металика и Пол Макартни. Флеш, чие вистинското име е Џозеф Садлер, ја прифати наградата од кралот на Шведска, велејќи дека наградата е „во чест на секој диџеј, секој рапер, секој уметник на графити и секој брејк-денсер“. Наградата во пари изнесујва околу 130.000 долари.
Ова е уште едно признание за рапот ако се знае дека годинава „Џеј Зи“ стана првиот рапер милијардер, а „Миси Елиот“ првата жена рап артист која влезе во Songwriters Hall of Fame.





