Не е сигурно дека Груевски избегал скриен во багажник

По интервјуто на Зоран Заев  за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во кое соопшти дека Никола Груевски избегал од Македонија во Албанија сокриен во багажник од возило, од Обвинтелството вечат дека ова не е поткрепено со гокази.



„И ние имаме некои информации дека е можно да се сокрил на таков начин, но во текот на истрагата таа можност не е поткрепена со конкретни докази и затоа не ја објавивме во јавност“, велат од Обвинителството за Телма.

Заев за ФАЦ рече дека Груевски со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија го чекало унгарско дипломатско возило, рече Заев за „Франфуртер…“