Бојан Маричиќ, советникот на премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во ТВ21 во магазинот „Click Plus”, меѓу другото, рече дека Македонија го заврши својот дел од обврските и сега на потег е ЕУ да го исполни својот дел од обврските околу отпочнување преговори во ЕУ.
„Пораката од Берлин денеска е јасна.
Ние ги исполнивме условите, и сега топката е во ЕУ.
Добивме силни ветувања од Берлин дека во септември ќе добиеме датум за преговори со ЕУ“, рече советникот.





