БЕСА на Касами бара предвремени избори

„Бидејќи денес во Берлин не се одржа ветувањето за отпочнување на преговорите со ЕУ овој месец, а и не се дадени гаранции дека датум може воопшто да се добие во текот на годинава, го охрабруваме премиерот да го одржи ветувањето и веднаш да распише предвремени парламентарни избори„, изјави претседателот на Движење БЕСА, Билал Касами.



Тој додаде и дека после ваквите избори сигурно ќе дојде политичка елита што ќе обезбеди сигурна европска иднина и интегрирање на државата во Европската Унија, пренесува „Весник“.