Претседателот Мета да „лета“, одлучи албанскиот парламент

Албанскиот Парламент изгласа Резолуција како прв чекор кон разрешување на шефот на државата, Илир Мета, поради одлуката да ги одложи локалните избори.



Како што јави МИА, во усвоениот документ стои дека албанскиот Парламент уредбата на претседателот Мета за одлагање на локалните избори ја смета за „апсолутно неважечки чин, донесен вон уставните и законските овластувања на институцијата претседател и како таков се смета за ништовен и како никогаш да не постоел“.

Разолуцијата ќе биде доставена до Уставниот суд, кој треба да одлучи дали ќе го разреши или не шефот на државата, но проблем е што највисока судска инстанца не функционира повеќе од една година.

Во моментот има само еден судија и тој со завршен мандат, другите осум беа разрешени, јави МИА.