Не е паметно да се прими Македонија во НАТО, смета сенаторот Ренд Пол од САД

Ренд Пол, член на Сенатот на САД од Кентаки, со две врзани пораки на Твитер објаснува зошто не е умно да се прими Македонија во НАТО.



„Договорот на Брис Харпер (играч на безбол – н.з.) со (Филаделфија) Филис е околу три пати поголем од воените трошоци на Северна Македонија (120 милиони долари). Не е паметно да се примат во НАТО. Тешко дека Северна Македонија ќе придонесе со нешто за националната безбедност на САД“, твитна сенаторот од Републиканска партија.

„Вујко Сем плаќа 22 проценти од буџетот на НАТО, не сметајќи ги милијардите долари за распоредување на наши војници во мисии на НАТО. Глобалистите сакаат да ја примат Северна Македонија во НАТО“, е другиот твит на Пол.