Во Струмица против Грција забранети “Никогаш северна”и ѕвездата од Кутлеш (Вергина)

Финалниот меч од квалификациите за ракометното Европско првенство во 2020, Македонија го игра в недела, од 18 часот, во салата „Парк“ во Струмица, кога ја пречекува Грција, но билети за овој дуел не можат да се купат.



Според повеќе медиуми Ракометната Федерација на Македонија организацијата на настанот ја препуштила на Општина Струмица.

Локалните власти по сугестија на Владата предводена од својот екс градоначалник Заев во салата ќе дозволат присуство само на “проверени навивачи” кои што нема да предизвикаат вербални инциденти односно скандирање кое може да ги навреди грчките гости.

Меѓу публиката покрај ракометни работници ќе има само луѓе блиски на СДСМ, на локалните и на централните власти со цел да се спречат скандирања “Никогаш северна, само Македонија” и веење знамиња со ѕвездата од Кутлеш (Вергина).

На сличен начин со контролирана публика мина и првиот меч во Кожани кој Грција го доби во своја корист.