По откривањето на аферата со изнудување рекет од страна на еден македонски медиум новинарот Бранко Героски се соочува со сериозен притисок од провладини медиуми но продолжува да отвара нови афери.
Во новиот скандал во кој е вклучен газда на еден медиум кој Героски го нарекува Коки пари се барани од градоначал(ничка). Рекетот и овој пат не успеал, пишува Героски за плусинфо.мк
“Се разбира, ми беше јасно дека после приказната ќе уследат жестоки атаци врз мене, со безобѕирни лаги и клевети. Напишани се неколку штапски текстови и објавени се во еден наш парапортал, што го води класичен психијатриски случај.
Штабот сфатил дека нема нормален новинар во Македонија што би објавил такви будалштини, без да размисли дека може да се соочи со тужби, па правилно проценил дека ако нема нормален, мора да се најде – ненормален”, вели во својата нова колумна.
“После онаа драма со малиот хотелиер Трпе – повторувам, ова име, како и сите други, се измислени – кој одвај го преживеал притисокот од разгоропадениот Коки, во истиот туристички центар, истата група, уценувала и еден сопственик на градежна компанија. И тој одговорил дека не може да плати повеќе од 10.000 евра. Не знам дали воопшто платил. Поентата е во тоа дека и рекетот изгледа не бил лесен занает и не било лесно да се најдат муштерии.
Од тие причини, рекетарската група решава да се сврти кон сигурни извори на пари. Кон општините. Кон „нашите“ општини, нормално. Набрзина е смислен проект за изградба на некакви објекти од областа на социјалните грижи (ќе се воздржам од откривање на детаљи за проектот). И веднаш е таргетирана една поголема општина, во близина на нашиот туристички центар, во која на власт е „наш“ градоначалник (или градоначалничка, да не дискриминираме сега по полова основа) и што е најважно, општина во која газда над газдите е и еден од главните спонзори на медиумот. Оделе луѓето на сигурно”, објавува Героски.
Целата колумна на плусинфо.мк со сите детали на овој линк





