Поранешниот претеник на СДСМ (2002-2006) Есад Рахиќ е назначен за директор на истражниот затвор во Шутка, одлучи Владата на денешната седница..
Рахиќ доаќа на местото на досегашниот директор Ѓоко Котевски кој поднесе оставка во февруари по инцидентот кога притворените Спиро Ристовски и Миле Јанакиески беа нападнати од други затвореници во Затворот.
Оставката не стапи во сила поради одржувањето на претседателските избори.
Откако беше разрешен оид СДСМ, Рахиќ во периодот на вториот мандат од 2006 до 2008 година делуваше како независен пратеник.





