Поранешниот американски претседател Бил Клинтон пристигна денеска во Приштина по повод одбележувањето на 20-годишнината од влегувањето на НАТО во Косово.
Во попладневните часови, Клинтон ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, а потоа со премиерот Рамуш Харадинај.
На аеродромот во приштина, тој беше пречекан од поранешната претседателка на Косово Атифете Јахјага и од актуелниот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли.
Пацоли претходно на твитер го поздрави гостинот:
„Добредојдовте назад претседател Клинтон. Косово денес е Ваша успешна приказна за градење држава. Пред дваесет години, Вашето водство против тиранијата во корист на слободата и демократијата беше од клучно значење за отворање на ново поглавје во историјата на човештвото. На меѓународниот закон и на политиката им дадовте човечка димензија“.





