Речиси половина анкетирани во он-лајн анкетата на Истражувачкиот центар на „Макфакс“, сметаат дека Владата треба да поднесе оставка доколу земјава не добие датум за преговори со ЕУ во јуни годинава.
Анкетата беше објавена на 7 мај годинава, на 14 веб страници и траеше 24 часа. Во овој период, гласале 6.508 испитаници.

Околу 30 отсто од анкетираните сметаат дека ако нема датум, треба да се чека, додека над 15 % велат дека не ги интересира што ќе се случи.
Останатите се изјасниле дека е подобро да нема датум за преговори за членство во ЕУ.





