Одложената седницата за пописот

Претседателот на комисијата за европски прашања Артан Груби денес и официјално поптврдуи дека се одлага седницата на која требаше да се расправа за предлог-закионот за попис.



Груби објасни дека седница е одложена бидејќи за првата точка од дненвиот ред, а тоа е разгледување на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, не обезбедиле претставник од мисијата на ЕУ.

Тој ги отфрли наводите дека одложувањето на седницата е за да не се креваат тензии пред посетата на премиерот Зоран Заев на Берлин, поради лобирање за добивање на датум за почеток на преговорите со ЕУ овој или наредниот месец.

Како што вчера јави „“Expres.mk“ за опозицијата е спорен делот од предлог законот според кој ќе може да се попишуваат и лица кои не се во земјата и тоа од нивни роднини кои ќе го пријават матичниот број на отсутните.