Отпорот против “Северна” се шири, банкнотите на удар

По масовното споделување на рингтонови со извиците кои можеа да се слушнат за време на пречекот на РК Вардар од Келн се појавуваат нови начини на отпор против “Северна”.



“Никогаш северна, само Македонија” како ринг тон од сервиси за аудио фајлови веќе е симната десетици илјади пати во Македонија и светот.

Откако МВР и обвинителството најави дека ќе ги гони тие што извикувале “Ајде Заев пуши ми го …..” , отпорот зема нова димензија со испишување на пораки против Владата и премиерот на банкноти.

Се почесто иако е тоа забрането граѓани пишуваат “Никогаш северна, само Македонија” на банкноти.

Министерството за финансии веќе размислува да издаде предупредување до фирмите и граѓаните да не примаат вакви банкноти и да ги пријават тие што пишуваат на банкноти со цел да се спречат вакви појави.