Вицепремиерот и лидер на бгугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, тврди дека заедничката Комисија за историските прашања меѓу Бугарија и Македонија не функционира
„Три дена скопската страна одбива да го признае очигледниот, документиран и признат од самиот Гоце факт дека војводата е Бугарин по народност“, пишува војводата (Каракачанов –н.з.) во соопштение од името на ВМРО-БНД.
Македонците признаа дека Гоце Делчев е роден во егзархиското населено место – Кукуш дека бил егзархиски учител, но заборавија чија била Егзархијата. Тие го заборават, исто и така, искажувањето на Гоце Делчев во неговото писмо до Никола Малешевски: “… кога сме си Бугари и сите страдаме од една заедничнка болест”.
Според вицепремиерот, оваа болест била – поделбата. Но, денес, во Скопје имало луѓе кои ги барале овие поделби.
Освен тоа, Македонците нè користеа само за да дојдат до ЕУ и НАТО.
“Додека Бугарија бара соработка и заедничка корист, елитата во Скопје … се обидува да ни ги замчка очите, за да си ја истераат работата за НАТО и ЕУ”, се наведува во соопштението на Каракачанов.
Тој вели дека Комисијата очигледно не работела, бидејќи цело време се отурка поделба помеѓу „македонско” и „бугарско”. Имаше предлози дека се работи за различни народи.
„Како резултат од работата на комисијата се нуди заеднички да се слави 7 октомври – денот во кој коските на Гоце Делчев биле предадени од комунистичката власт во Софија на Скопје. Патем биле споменати и други можни датуми, но без никаква конкретна и без никаква намера заедмнички да се слави раѓањето и смртта на Делчев.
„За мене ваков предлог е отворено исмејување, што всушност го минира процесот на подобрување на односите меѓу двете земји”, вели Каракачанов.
Според него досега процесот на помирување со Скопје се должи најмногу на великодушноста на Бугарија и на посветеноста на меѓународни фактори.
„Но, очигледно, време е Бугарија да ја зацврсти својата позиција, слично како грчката страна“, вели Каракачанов.
Извор: News.bg




