И денес, 20 години од потпишувањето на „Кумановскиот договор“ во јуни 1999 , (со кој заврши 78.дневната кампања на НАТО врз Југославија – н.з.) Србија се бори „да извлече што може да се извлече“од Косово, изјави за ТВ Прва, Мирослав Лазански.
Долгогодишниот новинар на „Политика“ и од неодамна нов амбасадор на Србија во Русија, вели дека Косово не е проблем што настанал сега.
„Овој проблем не можеше да го реши ни кралот Александар, ни Титовата Југославија, ниту Милошевиќ и нереално е да се очекува дека нешто ќе се прекрши преку ноќ.
Гледаме да го извлечеме максимумот од она што е можно, а тоа е прашање на некој компромис”, вели Лазански.
Според него, сите решенија се лоши и нема да им се допаднат на Србите.




