Парада на гордоста во Атина, Ципрас ја поздрави

Прослава, но и демонстрации. Танц, но и протест. Се очекува Парадата на Гордоста, која денеска по 15-ти пат ќе се одржи на централниот плоштад „Синтагма“ да биде најмногубројна, пишуваат грчки медиуми..



Парадата е посветена на активистот Костопулос, кој беше брутално убиен на 21-ви септември 2018 година на улица во Атина, а ќе биде повторено барањето за поголема почит и правда за припадниците на  ЛГБТ заедницата.

„Патот има своја историја“ е слоганот на 15-та парада.

Премиерот Алексис Ципрас објави порака на социјалните мрежи со која го поздрави признавањето и прославувањето на еднаквоста и на човековите права.

„Секое човечко суштество има право да ги ужива сите права и слободи, без никаква дискриминација независно од расата, бојата, полот, јазикот, религијата, политичките или или други уверувања”, порача премиерот.

„Ние, исто така, го одбравме овој пат“, рече грчкиот премиер.

Првата официјална Парада на гордоста во Грција се одржа на 25 јуни 2005 година, во центарот на Атина на која учествуваа околу 500 лица. Со текот на годините, бројот на учесницците порасна на неколку илјади.