Свеченоста за дипломирањето на првата генерација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, помина без присуство на министерот за образование, Арбр Адеми.

Откако просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски обвини дека Адеми е еден од тројцата функционери кои незаконски напредувале во научни звања на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) додека биле на функција, министерот ја избегнува јавноста.
Адеми, попладнево за Либертас изјави дека не се криел туку дека бил на пат во Љубљана.
„Немам зошто да се кријам, јас за обвинувањата од просветниот инспектор Илиевски одговорив и сега истото го велам и ги охрабрувам институциите да го истражат случајот бидејќи сум убеден дека нема ништо незаконско околу мојот статус на Тетовскиот државен универзитет од каде што дојдов на министерската позиција. Местото ми мирува и ќе се вратам таму кога ќе ми заврши функцијата министер за образование и наука“ рече Адеми за Либертас.
Инпекторот Илиевски, пак, изјави дека станал цел на закани





