Загина возач на мопед на автопатот Свети Николе-Штип

При судар со автомобил на автопатот Штип-Свети Николе синоќа загина 31-годишен возач на мопед.



Според очевидци, мопедот без регистерски таблички, се движел во спротивна насока на автопатот.

Несреќата се случила кај штипското село Кривидол, кога мопедот се судрил со автомобил со скопски регистарски таблички, а во несреќата учествувале уште две други возила.

Полесно се повредени и возачот на автомобилот мерцедес и двајца негови сопатници кои се малолетни лица кои се пренесени во Клиничката болница во Штип.