Бугарија и Македонија се договараат за Делчев (ВИДЕО)

Историчарите од Заедничката македонско бугарска експертска Комисија за историјата постигнале согласност за периодот на антиката јави БГНЕС.



Комисијата усвоила препораки до владите во Софија и во Скопје за бугарските учебници од петто одделение и за македонските за учениците од шесто околу третирањето на средновековната историја.

Копретседавачот на Комисијата од македонска страна, професор Драги Георгиев, изјавви  дека сите забелешки кои се однесуваат на антиката биле примени од двете страни.
За праисторијата, антиката и средниот век немало некои поголеми разидувања меѓу двете страни. За антиката бугарската страна имала забелешка за тоа дека во македонските учебници е напишано оти апостолот Павле формирал македонска црква, додека македонските забелешки биле дека под терминот бугарски земји се посочува и македонската, која е надвор од рамките на бугарската средновековна држава.

На денешната средба се разговарало околу заедничкото чевствување на Гоце Делчев, односно дека бил постигнат договор за личноста и работата на Гоце Делчев, но сеуште постојат некои разлики, за кои, се верува дека ќе бидат надминати на некоја од наредните средби.