Победата на РК Вардар на фајнал фор во Келн освен што ја врати самодовербата на македонските граѓани дека секоја битка ако е од срце и искрена се исплатува, смени и многу трендови на социјалните мрежи.
Со скандирањето на пораката „Никогаш Северна, само Македонија“ не само што во јавноста го врати прашањето за неуставна промена на уставното име туку во фокусот го врати и хаштагот #НикогашСеверна.
Овој хаштаг чија првична верзија „Само моја, Никогаш Северна“ ја промовираше режисерот Дарко Митревски лани пред референдумот за промена на името, почна да се употребува со поретко во последниве месеци и падна на не повеќе од триесетина употреби дневно.
По победата на Вардар во Келн секојдневно хаштагот #НикогашСеверна го користат над 300 луѓе само на социјалната мрежа Твитер а има тренд на раст. Покрај #НикогашСеверна се користат и опциите #НикогашСевернаСамоМакедонија или #СамоМакедонија
Колкаво е влијанието на Вардарци на враќање на духот на нацијата и самодовербата особено кајмладите луѓе кои се најмногу разочарани од состојбите во земјава може само да се замисли.





