Шефот на српската дипломатија се приклучи на интернет  акцијата и напиша „Косово е Србија“ и се потпиша на банкнотата од 100 долари со ликот на Бенџамин Френклин.



Идејата за акцијата е да се шири оваа порака, бидејќи банкнотите одат од рака в рака, пишувваат белградски медиуми.

По објавувањето на фотографијата на Дачиќ со потпишаната банкнота, реагираше амебасадата на САД:

“Наместо уништување на банкнотата со ликот на големиот американски научник и државник, Бенџамин Френклин, Дачиќ можеби треба да размисли за изјавата (на Френклин) ‘Биди во војна со твоите пороци и во мир со твоите соседи’“.

На ова Дачиќ возвратил дека тој постапил токму според зборвите на Френклин:

„Србија секогаш ќе се бори против секоја порочна и лажна нарко држава и ќе се залага за мир со сите свои соседи“.

Тој во одговорот потсети дека има уште една мудра изјава на Френклин: „Кој има трпение, може да има се што сака“ .