Новинар на германскиот весник „Билд“, тврди дека во Круја, Албанија, има магацини со дрога и тие се контролираат од градоначалникот и други лица.



На прашањето од каде го знае тоа, новинарот Питер Тиеде, во гостување на албанската ТВ „News 24” изјави дека дознал преку истражувања.

„ Доколку одиш од Тирана кон Круја, има магацини со дрога. Тие се големи сали со дрога. Сум бил и самиот. Откако ќе ги видиш магацините со дрога, после две минути доаѓа некој со возило и прашува што правите. Тоа е соседот кој го чува магацинот со дрога“, објаснил германскиот новинар пренесува  BalkanWeb.