Иако од кичевското село Туин каде е роден Ел Чека потекнуваат голем број граѓани кои вршат јавни функции или се познати во политиката и бизнисот Телевизијата 21 во репортажа за селото потенцира дека од таму е новиот директор на Агенцијата за разузнавање.
Во репортажата за Туин ТВ 21 која важи за блиска на високи членови на ДУИ директорот на АР Еролд Муслиу се споменува во само еден пасос и тоа во навидум позитивен контекст.
Но и тие неколку реченици за упатените се доволни за да се прочита алузијата за потенцијалната врска меѓу Муслиу и Ел Чека кој неколку недели објавува бомби за Али Ахмети и високи членови на ДУИ.
Предходно извори во ДУИ во неофицијални брифинзи го споменуваа фактот дека Ел Чека се појавил со бомбите откако партијата јавно се спротивстави на именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање од страна на новиот претседател Стево Пендаровски.
Во ДУИ се сигурни дека оваа временска рамка и тоа што Муслиу и Ел Чека се од исто село може да не е само обична коинциденција.
Видеото од репортажата на ТВ 21 во кое и самиот наслов кажува која е најважната порака.




